Објавено на:

Вучиќ најавува ограничување на маржите на трговците за да поевтини храната во Србија

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ограничувањето на маржите на трговците на мало ќе донесе вкупно намалување на цените од 15 проценти, меѓутоа, економистите предупредуваат дека слични мерки во минатото не дале долгорочни резултати и дека трговците на мало секогаш наоѓаат начини да ги компензираат загубите на сметка на другите, пренесуваат српските медиуми

Владата утре ќе усвои уредба за ограничување на трговската маржа на 20 проценти, што, според властите, од понеделник треба да ги намали цените на најмалку 3.000 прехранбени производи

По средбата со претставници на трговците на мало и на големо во Стопанската комора на Србија, министерот за финансии синиша Мали изјави дека не станува збор само за 3.000 производи од 23 категории или групи производи како што првично беше наведено, туку дека некои поголеми малопродажни синџири ќе има многу повеќе производи.

„Очекуваме да има до 10, 12 или 20.000 производи, па ќе го исполниме на вистински начин она што го вети претседателот Вучиќ, дека попустот ќе се однесува на најголемиот можен број производи, на она што де факто најмногу влијае на животниот стандард на српските граѓани“, рече тој.

Министерката за внатрешна и надворешна трговија, Јагода Лазаревиќ, изјави дека денешниот разговор не бил лесен, но дека бил многу конструктивен и дека најавеното ограничување на маржите останува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗР: Македонија не е подготвена за климатските…

Државата не е системски подготвена да се…

Вучиќ најавува ограничување на маржите на трговците…

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ограничувањето…

Нетанјаху изјави дека Отоманската империја извршила геноцид…

Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху за прв пат…

Пукотница во католичко училиште во САД –…

Најмалку три лица, вклучувајќи го и напаѓачот,…

СДСМ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски…

Прес конференција на СДСМ, Јовица Јанковиќ –…