ДЗР: Македонија не е подготвена за климатските промени, Законот за климатска акција се чека пет години

t

Државата не е системски подготвена да се справи со климатските промени, а Законот за климатска акција се чека повеќе од пет години – се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Во извештајот се посочува дека институциите не разменуваат релевантни податоци за климатските ризици и емисиите на стакленички гасови, што ја оневозможува државата да управува со овој процес. Ревизорите утврдиле и дека Националниот инвентар на емисии не е ажуриран откако бил воспоставен, што значи дека Северна Македонија нема реални информации за нивото на загадување.

Иако земјата го има ратификувано Парискиот договор, со недонесување на Законот за климатска акција не се транспонирани европските директиви за климатско дејствување во националното законодавство. „Постои неусогласеност, особено во делот на мониторингот и известувањето за емисиите на стакленички гасови“, се наведува во извештајот.

Од Министерството за животна средина реагирале дека донесувањето на законот не е само нивна обврска, туку и на Владата. „Усвојувањето на препораките не зависи исклучиво од министерството, туку станува збор за различни сектори со потенцијал за намалување на емисиите“, се вели во нивниот одговор до ДЗР.

Ревизорите, сепак, констатирале дека и без нов закон, државата требала да има активни тела кои ќе ги координираат климатските политики. Националниот комитет за климатски промени, како што стои во извештајот, последниве четири години воопшто не заседавал и не презел никакви активности.

„Поради вакви системски аномалии невозможно е да се процени дали државата е на пат да ја исполни обврската за намалување на стакленичките гасови за 82% до 2030 година“, заклучува ДЗР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗР: Македонија не е подготвена за климатските…

Државата не е системски подготвена да се…

Вучиќ најавува ограничување на маржите на трговците…

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ограничувањето…

Нетанјаху изјави дека Отоманската империја извршила геноцид…

Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху за прв пат…

Пукотница во католичко училиште во САД –…

Најмалку три лица, вклучувајќи го и напаѓачот,…

СДСМ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски…

Прес конференција на СДСМ, Јовица Јанковиќ –…