Објавено на:

Новинарка на Н1 приведена откако се обиде да му постави прашања на директорот на „Јунајтед груп“

t

Директорот на „Јунајтед груп“, Стен Милер, престојува во хотелот „Бристол“ во Белград. Истражувачката мрежа ОЦЦРП објави дека тој водел тајни разговори со директорот на „Телеком Србија“ за разрешување на директорот на „Јунајтед медиа“ и промена на уредувачката политика.

Новинарката на Н1 Србија, Ана Новаковиќ, во придружба на снимател, се обиде да го праша Стен Милер за овие наводи. Сепак, таа беше грубо спречена од обезбедувањето на хотелот и самиот директор, по што беше повикана полиција.

Новинарката Новаковиќ беше приведена само затоа што сакаше да добие одговор од Милер дали со одобрение на „БЦ Партнерс“, преговарал со претседателот Александар Вучиќ за политички договор што ќе доведе до затворање на независните медиуми во Србија.

Телевизија Н1 е во контакт со адвокатите што ги ангажираше за решавање на оваа ситуација.

Како што јавува телевизијата, за време на инцидентот, во хотелот престојуваа и други високи менаџери на „Јунајтед груп“ заедно со Милер: Јоанис Папацикас, Либор Вошчина, Јанез Видемшек, Бернарда Требушак, Јецл и Јанез Живко. Сепак, никој од нив не реагираше на интервенцијата со која беше запрена и приведена новинарката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарка на Н1 приведена откако се обиде…

Директорот на „Јунајтед груп“, Стен Милер, престојува…

Мерц: Путин се спрема за нова војна

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес оцени дека…

Уапсени хрватски воен пилот и неговата партнерка…

На островот Вис уапсени се пилот на…

16 пожари на отворен простор, три од…

На ден 27.08.2025 година, до 20:30 часот…

Димитриеска-Кочоска: Растот на платите го надминува растот…

27 август Скопје- Инфлацијата е предизвик низ…