Објавено на:

Мерц: Путин се спрема за нова војна

t

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес оцени дека капитулацијата на Украина само ќе му даде време на рускиот претседател Владимир Путин да се подготви за следната војна.

– Оваа војна мора да заврши. Но, не по секоја цена. Не сакаме Украина да капитулира. Таквата капитулација само ќе ѝ даде време на Русија, а Путин ќе го искористи тоа време за да се подготви за следната војна – рече Мерц на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск, францускиот претседател Емануел Макрон и молдавската претседателка Маја Санду во Кишињев, објавува „Гардијан“.

Тој нагласи дека „вратите на Европската Унија се отворени“ за Молдавија и вети дека ќе продолжи да ја поддржува земјата „на овој пат колку што е можно повеќе“, вклучително и испраќање германски експерти за да помогнат во спроведувањето на реформите.

Коментирајќи ја загриженоста на Молдавија за агресивниот став на Русија и истакнувајќи ги обидите на Москва да се меша во молдавската демократија, Мерц истакна дека Европа останува доследна „во зачувувањето на слободата и суверенитетот“.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, денес беше домаќин на тројца европски лидери, по повод 34-годишнината од независноста на Молдавија во 1991 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Им впериле пиштол: Татко и син нападнати…

На 04.10.2026 во 21:30 часот во СВР…

Филипче: ЕУ го потврди идентитетот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…

Владата на Јемен започна целосна војна против…

Јеменските владини сили, поддржани од Саудиска Арабија,…

Судење за Онкологија: Обвинителството ги оспори заклучоците…

Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на…

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што…

Владата има добиено доверба од граѓаните за…