Објавено на:

Пекинг: Посетата на Путин на Кина ја симболизира одлучноста на двете земји да ги бранат резултатите од Втората светска војна

t

Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина и неговото присуство на парадата по повод 80-годишнината од победата на кинескиот народ над Јапонија и победата во Светската антифашистичка војна ја симболизира решеност на двете земји да ги бранат резултатите од Втората светска војна, соопшти Пекинг.

„Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина го демонстрира високото ниво на сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Русија во новата ера, како и единството и заедничката решеност да ги бранат резултатите од Втората светска војна“, рече помошникот министер за надворешни работи на Кина, Хонг Леи.

Според него, пред 80 години, Кина и Советскиот Сојуз, главните боишта на Втората светска војна, беа најважниот потпорен столб во борбата против милитаризмот и фашизмот и направија големи жртви.

„Народите на двете земји се бореа рамо до рамо, поддржувајќи се едни со други, и ја бранеа иднината на човештвото, давајќи клучен придонес за победата во Втората светска војна“, рече Хун. Кинескиот функционер потсети дека оваа година се одбележува и 80-годишнината од основањето на Обединетите нации.

„Во услови на променлива и нестабилна ситуација на меѓународната сцена, Кина и Русија, како земји-основачи на ОН и постојани членки на Советот за безбедност, ќе продолжат да се стремат кон зачувување на авторитетот на светската организација и меѓународната правда, зајакнување на соработката во рамките на платформи како што се ОН, ШОС, БРИКС и други, и постигнување на вистински мултилатерализам“, нагласи дипломатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сенаторот Марфи предупредува за можни нови удари…

Американскиот сенатор Крис Марфи упати остри критики…

Путин: Подготвени сме за војна, но не…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија…

(Фото) Сè повеќе држави советуваат домашни резерви…

Влади низ светот ги советуваат граѓаните да…

Естонија планира 150 бункери во пограничниот регион…

Естонија планира изградба на околу 150 бункери…

Британците купуваат повеќе вода и тоалетна хартија:…

Продажбата на тоалетна хартија, флаширана вода и…