На ГП „Меџитлија“ спречен обид за криумчарење на над 300 шишиња хемиски препарати за прскање

t

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија.

Во раните утрински часови, на 26.08.2025 година, при вршење на редовна царинска контрола на патничко моторно возило Mercedes со македонски регистарски таблички, со кое патувало семејство што изјавило дека се враќа од одмор во Турција и преку Грција пристигнало на влез во нашата земја, од страна на царинските службеници биле откриени 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC и 22 шишиња фунгицид Bellis BASF со вкупна вредност од 16.058,00 евра.

Препаратите биле сокриени на повеќе места во возилото – во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот за резервна гума и на задните седишта. Возачот не поседувал соодветна дозвола за увоз, иако станува збор за стока што подлежи на посебен режим на дозволи со што безбедноста на производите не е гарантирана .

Стоката е задржана, возилото со кое била транспортирана е одземено, а против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Сектор за контрола и истраги за понатамошно постапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На ГП „Меџитлија“ спречен обид за криумчарење…

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија…

Пекинг: Посетата на Путин на Кина ја…

Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на…

Го удирале со боксови и клоци –…

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…

Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Нови…

Студентските протести ескалираа. Во судирите пред Филозофскиот…

Најмалку осум лица, меѓу кои и деца,…

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најмалку…