Младиот кавадарчанец кој беше брутално убиен пред казино очекувал детенце
Вест за убиство на 43-годишен кавадарчанец, извршено од повеќе лица кај казино во градот, утринава ја разбуди јавноста. Настанот се случил денес во 4.56 часот, кога во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез во казино на улица „Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Станувало збор за Панче Т.(43), кај кого и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.
Поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица, соопштија од СВР Велес. За Викимедиа кавадарчани вознемирени од настанот даваат дека убиениот Панче го очекувал раѓањето на своето прво дете, а по дознавањето на веста, неговата бремена партнерка била донесена во болницата во градот, каде била хоспитализирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Младиот кавадарчанец кој беше брутално убиен пред…
Вест за убиство на 43-годишен кавадарчанец, извршено…
Тоше Зафиров: Мора да се сопре вирусот…
Познатиот бодибилдер Тоше Зафиров, реагираше на напливот…
„МЕ БЛОКИРАЛА НА ФЕЈСБУК. КОЛКУ ДЕТСКА ПОСТАПКА“:…
Добро е! Претседателката го прочитала писмото! Како…
(Видео) Студентите објавија фотографии од повредени колеги…
Студентите во блокадата на Природно-математичкиот факултет во…
Жичницата на Водно повторно во употреба
Жичницата „Милениумски Крст“ повторно е во функција…