Уште една трагедија во Македонија: Загина возач кај селото Облешево
Во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево загина возач, откако возилото излетало надвор од коловозот. Идентитетот на починатиот сè уште се утврдува.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека несреќата е пријавена во СВР Штип денеска во 09:43 часот. Според пријавата, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки излетало од патот, а на местото бил пронајден починатиот возач. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Во тек е увид на местото на несреќата, а полицијата презема мерки за целосно утврдување на идентитетот на возачот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште една трагедија во Македонија: Загина возач…
Во сообраќајна несреќа што се случи кај…
Одреден притвор за хрватски воен пилот и…
Истражниот судија на Сплитскиот жупански суд одреди…
Додик: Референдумот во октомври е сериозно загревање…
Милорад Додик, на кого Централната изборна комисија…
Путин и Ким Јонг Ун кај Си…
Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер…
Мицкоски им пишувал приватни пораки за затоплување…
Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите…