Меџити: Бит Пазар е економска и културна гордост на Чаир

t

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со трговците на Бит Пазар, се наведува во соопштението од неговиот изборен штаб а МИА го пренесува интегрално.

Во разговорот со нив, Меџити истакна дека Општина Чаир, иако нема индустриска зона и големи компании, се издвојува со голем број на мали и средни бизниси, со Старата Чаршија и со Бит Пазар, кои претставуваат економски и културен столб на нашата општина.

Тој нагласи дека Бит Пазар одиграл и продолжува да игра значајна улога во економската благосостојба на семејствата од Чаир и пошироко. Исто така, Старата чаршија, заедно со Скопското Кале и Бит Пазар, треба да функционираат како комплетна туристичка понуда за домашните и странските посетители.

Меџити се обврза дека трговците ќе бидат заштитени од нелојална конкуренција и дека ќе имаат институционална поддршка за развој на нивната дејност.

„Роден и израснат во Чаир, чувствувам дека Бит Пазар е вредност и гордост за секој скопјанец. Затоа, мојата заложба е и институционално да помогнеме и да го развиеме овој историски, економски и културен
капитал,“ нагласи Меџити. ицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со трговците на Бит Пазар, се наведува во соопштението од неговиот изборен штаб а МИА го пренесува интегрално.

Во разговорот со нив, Меџити истакна дека Општина Чаир, иако нема индустриска зона и големи компании, се издвојува со голем број на мали и средни бизниси, со Старата Чаршија и со Бит Пазар, кои претставуваат економски и културен столб на нашата општина.

Тој нагласи дека Бит Пазар одиграл и продолжува да игра значајна улога во економската благосостојба на семејствата од Чаир и пошироко. Исто така, Старата чаршија, заедно со Скопското Кале и Бит Пазар, треба да функционираат како комплетна туристичка понуда за домашните и странските посетители.

Меџити се обврза дека трговците ќе бидат заштитени од нелојална конкуренција и дека ќе имаат институционална поддршка за развој на нивната дејност.

„Роден и израснат во Чаир, чувствувам дека Бит Пазар е вредност и гордост за секој скопјанец. Затоа, мојата заложба е и институционално да помогнеме и да го развиеме овој историски, економски и културен
капитал,“ нагласи Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Чаир е само шеста општина во…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…

СДСМ: Во Чаир законите не важат

Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…

Опожарени три возила во Чаир

На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…

Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…

ДУИ: Компанија основана во 2024 година добила…

Соопштение на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува…