Мицкоски: Математички сега двојно повеќе растат платите

t

Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум години во периодот јуни 2017 до мај 2024 година, кога порастот на реалната нето-плата што ја земаа вработените во Македонија беше околу 3,5 проценти и оваа една година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата односно од јуни 2024 до јуни 2025 кога реалниот пораст на нето платата е 6,5 проценти, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот повик на претседателот на СДСМ Венко Филипче, за пораст на минималната плата.

– Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти. Селективниот пристап и ваквиот тип на политика на СДСМ донесе резултати во Македонија како што бевме сведоци изминатите седум години катастрофални и унуштувачки. Но она што е поважно и мој совет до раководството на СДСМ е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на РЕК Битола.

На СДСМ им порача да бидат конструктивна опозиција и како што рече, наместо да спинуваат и лиферуваат невистини, да почнат да предлагаат нешто коешто ќе значи подобар живот за граѓаните, но и предизвик за Владата за да го прифати и имплементира во своите политики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…

Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…

Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…

Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…

Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…