Во Скопје синоќа констатирани 128 сообраќајни прекршоци, 94 возачи на мотоцикл, уапсено едно лице, пронајден кокаин
Во текот на изминатата вечер во периодот од 17.00 до 01.00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје беше спроведена засилена акциска контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај“. При тоа за време на контролата акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли, велат од МВР.
„За време на контролата биле преземени мерки против 128 учесници во сообраќајот, од кои 94 за возачи на мотоцикли, 16 санкции за управување мотоцикл без возачка дозвола, 46 мерки за управување мотоцикли без заштитна кацига, 17 санкции за возење без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, шест мерки за управување мотоцикл без да поседува соодветна категорија, пет санкции за измината важност на сообраќајната дозвола, две мерки за непропуштање на пешаци на пешачи премин…
За време на сообраќајната контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Љ. бидејќи при извршен преглед кај него бил пронајден кокаин. Санкционирани се и 10 возачи за возење без возачка дозвола на патнички и товарни моторни возила, а изречени се и две мерки за возење под дејство на алкохол и една санкција за незастанување на даден знак СТОП од страна на униформирани полициски службеници.
Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сајбернапади врз јужнокорејски банки: претседателот нареди сеопфатна…
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг нареди темелна истрага…
Иран соопшти дека нема да ја отвори…
Иран нема да ја отвори Ормуската теснина…
AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат…
Поддршката за десничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD)…
Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Андреј Петров: СДСМ ќе доживее катаклизма на…
Андреј Петров, уиверзитетски професор и поранешен функционер…