Најчевска за Кочани: Без независно судство, вакви трагедии ќе се повторат
Професорката Мирјана Најчевска ја коментираше трагедијата во Кочани, посочувајќи дека станува збор за последица на длабоко вкоренета корупција и нефункционален правосуден систем.
„Оваа трагедија е само врвот на сантата мраз. Таа е резултат на упорно и континуирано промовирање и поддршка на корупцијата од сите политички партии кои доаѓаат на власт. Кога нема правна сигурност, елементарно функционирање на судството и казни за слични криминали, беше само прашање на време кога ќе се случи Кочани,“ напиша Најчевска.
Таа нагласува дека не станува збор за апатија и разочараност кај граѓаните, туку за „метастазирана корупција која допира до секој дамар на општеството“.
Најчевска додаде дека власта, како и во претходни случаи, во моменти на вакви трагедии „развлекува и го отапува револтот“, чекајќи вниманието на јавноста да се сврти кон друга тема, додека на протестите остануваат само оние кои претрпеле ненадоместлива загуба.
„Без независен, некорумпиран судски систем и инстант политичка одговорност, шансите да се повторат вакви трагедии кои можеле да бидат превенирани се огромни,“ предупреди
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…