(Видео) Нож во двор, опасни хемикалии во базен каде се капат деца – соседи се жалат дека се малтретирани од сосед во Синѓелиќ
Жители на скопската населба Сингелиќ велат дека со години се соочуваат со сериозни проблеми со нивниот сосед Хасан Синани. Според нив, случајот трае подолго време, а и покрај бројните пријави до полицијата, трајно решение сè уште нема.
„Во дворот детето ми извика: ‘мамо, мамо, нож’. Веднаш ја повикавме полицијата…“ – раскажува една жена од улицата за „Порталикс“, опишувајќи една од ситуациите што ја вознемирила целата околина.
Според тврдењата, соседот прскал дрвја со хемиски материи, поради што тие се сушеле и паѓале. Истите супстанции, додаваат, биле фрлани и во близина на базен во кој се капеле деца.
„Имаме поднесено шест-седум пријави во полиција, сите внимателно запишани. Некои инциденти беа многу сериозни – со фрлање нож. Но секогаш завршува исто: полицијата го одзема ножот и тука завршува. Наместо да стивне, тој станува уште посилен,“ вели една од соседките.
Жителите сведочат и за закани со селење, прекинување на вода, како и за разни други провокации.
Тие додаваат дека ваквото однесување веќе ја доведува во прашање безбедноста и нормалниот живот во населбата. Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјален одговор за поднесените пријави и можните мерки
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…
Масовни протести во Франција, запален и еден…
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…