Објавено на:

Светската програма за храна на ОН: Гладта во Газа е реална и се случува сега

t

Директорката на Светската програма за храна на ОН, Синди Мекејн, изјави дека е „многу очигледно“ дека нема доволно храна во Газа, додавајќи дека гладот јасно е присутен на таа територија, пренесува „Гардијан“. 

Изјавата на Мекејн се совпаѓа со изјавата од минатиот петок, на Интегрираната класификација за безбедност на храна, која прогласи широко распространет глад во Газа.

„Лично сретнав мајки и деца кои гладуваат во Газа. Ова е вистинито и се случува сега“, рече таа.

Мекејн разговарала со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и тврди дека тој е „загрижен“ за прашањето.

Во минатото, Нетанјаху негираше постоење на глад во Газа и тврдеше дека приказните за глад се пропагандна кампања на Хамас, распространета преку медиумите.

„Се согласивме дека мора веднаш двојно да ги зголемиме напорите за внесување повеќе хуманитарна помош. Пристапот и безбедноста за нашите конвои се клучни,“ рече Мекејн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светската програма за храна на ОН: Гладта…

Директорката на Светската програма за храна на…

ССМ: Во период од јануари до август,…

„Кога ќе речат не штрајкувате, не протестирате,…

(Видео) Нож во двор, опасни хемикалии во…

Жители на скопската населба Сингелиќ велат дека…

Најчевска за Кочани: Без независно судство, вакви…

Професорката Мирјана Најчевска ја коментираше трагедијата во…

Пеката бил натепан среде чаршија во Прилеп

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески попознат под…