Песков: Путин не ја исклучува можноста за средба со Зеленски
Рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Зборувајќи за можноста за средба меѓу Путин и Зеленски, Песков рече дека рускиот претседател не ја исклучува можноста за одржување на таков состанок, но дека верува дека секој состанок на највисоко ниво треба да биде добро подготвен за да се финализира работата што прво мора да се заврши на експертско ниво.
„Засега не можеме да кажеме дека експертската работа е во полн ек. За жал, не е“, изјави Песков за РИА Новости.
Песков истакна дека Русија останува заинтересирана и подготвена за такви преговори.
„Сите позиции на Русија за договорот се соопштени до Киев, а одредбите се предадени на украинската страна во писмена форма“, истакна Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
Се запалил бојлер во барака на „Стив…
Бојлер се запалил синоќа во една од…
УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…
Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…
Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…
Недостиг од речиси осум тони сув цвет…