Левица: Преспа секојдневно го губи езерото – Време е за акција – не за изговори!

t

„Стојам на брегот на Преспанското Езеро и гледам како ден по ден водата се повлекува. Ова не е природен тек, ова е огледало на вашата негрижа – на Владата, на Министерството за животна средина, на пратениците што молчат додека Преспа умира.

Децении наназад, сите ви слушаме ветувања за проекти, стратегии и грижа за природата. А реалноста е оваа пред нас: пресушени извори, загадени води и празни брегови. Вашата неактивност е потпис на оваа катастрофа.

Премиере, пратенику од Ресен – ова е ваш мандат, ваша одговорност. Не можете повеќе да се криете зад извештаи и хартиени планови. Преспа бара дела: прочистување на водите, заштита на изворите, контрола на отпадот и паметно управување со ресурсите.

Ако дозволите ова езеро да стане уште една приказна за пропуштена шанса, ќе останете запишани не како лидери, туку како соучесници во уништување на природното богатство што не припаѓа само на оваа генерација. Време е за акција – не за изговори.“ се вели во видеото на Левица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…