Објавено на:

Турција официјално го прекина трговскиот однос со Израел и го затвори својот воздушен простор

t

Турција официјално го прекина трговскиот однос со Израел и го затвори својот воздушен простор за израелски авиони, објави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Одлуката значи дека израелските трговски бродови повеќе нема да можат да пристапуваат во турските пристаништа, а турските бродови ќе бидат спречени да пловат кон израелските.

Дополнително, на израелските авиони им е забрането да го користат турскиот воздушен простор, особено кога станува збор за летови кои пренесуваат оружје и муниција. Според „Ројтерс“ и „АП“, Турција доби одобрение од претседателот да организира и хуманитарни воздушни операции кон Газа преку територијата на Јордан, под услов да добие дозвола од кралството.

Овој чекор претставува продолжение на низата мерки со кои Турција се дистанцира од Израел.

Во мај 2024 година Анкара веќе го прекина увозот и извозот со Израел, чија вредност достигнуваше околу 7 милијарди долари годишно, а изминатиот месец турските пристанишни власти почнаа да бараат од агентите за превоз писмени гаранции дека бродовите кои пристигнуваат во Турција не се поврзани со Израел и не превезуваат воена или опасна стока за таа земја. Иако ваквите барања беа наметнати неформално и усно, без официјален документ, тие веќе предизвикуваа застои во глобалниот транспорт. Минатата недела, израелски брод на компанијата „ZIM Integrated Shipping Services Ltd.“ беше одбиен во Истанбул и мораше да биде пренасочен кон грчкиот Пиреј.

Според проценките, новите мерки ќе имаат значајни економски последици, иако нивниот точен обем допрва ќе се согледува. Се очекува затворањето на турскиот воздушен простор да ги продолжи летовите од Израел до соседни држави, како Грузија и Азербејџан, за речиси два часа.

Дополнителните проверки и ограничувања во пристаништата ќе влијаат врз транспортните компании, а истовремено ќе се зголемат трошоците за логистика. Од друга страна, турските власти најавија дека ќе продолжат со политички и хуманитарни активности во контекст на кризата во Газа, со цел да ја нагласат позицијата на Турција како регионален актер кој реагира на, како што велат, „израелската агресија врз палестинскиот народ“.

Денешната одлука е најрадикалната мерка досега, со која Турција практично го прекинува секој вид економска и транспортна поврзаност со Израел, оставајќи ги отворени единствено можностите за хуманитарни коридори доколку тие бидат одобрени од трети страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција официјално го прекина трговскиот однос со…

Турција официјално го прекина трговскиот однос со…

Израел тврди дека убил висок член на…

Израелските сили убиле висок член на терористичката…

Црна Гора и Турција ја зајакнуваат воената…

Министерството за одбрана соопшти дека началникот на…

Гутереш: Гладот ​​во Газа е резултат на…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Ердоган е подготвен да посредува меѓу Москва…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше телефонски…