Денеска се празнува Светиот маченик Мирон, презвитер
Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи. Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри судијата-мачител в лице. Тогаш судијата Антипатар како да полуде, вон себеси, зеде меч и се уби самиот. Најпосле Мирон го одведоа во градот Кизик и таму го погубија со меч, во 250 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Светиот маченик Мирон, презвитер
Свештеник во некое место во Ахаја, од…
Претпладне сончево, попладне дожд и можно невреме
Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне…
(Видео) За ова плаќаме? Тошковски и тимот…
Министерот за внатрешни работи заедно со членови…
Турција официјално го прекина трговскиот однос со…
Турција официјално го прекина трговскиот однос со…
Силен земјотрес во Јапонија, епицентарот блиску до…
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според…