Еден активен пожар – гори во близина на Тиквешко езеро
До 8.30 часот утринава на територијата на државава има еден активен пожар, а пет се ставени под контрола. Активен е пожарот во Општина Кавадарци во близина на Тиквешкото Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што посочуваат оттаму под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Гевгелија на планината Кожуф каде има приземен пожар, во Општина Желино во село Мерово каде гори мешана шума и во село Церово каде гори ниска вегетација и мешана шума, како и во Општина Долнени во село Долгаец каде гори мешана шума.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…