Во Лавов убиен озлогласениот експретседател на украинскиот парламент
Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада, украинскиот парламент, и одигра значајна улога во револуцијата на Евромајдан, е застрелан во Лавов, објави „Киев Индепендент“.
Националната полиција претходно објави дека еден политичар е убиен по пукање во западниот украински град. Ирина Херашченко, пратеничка од партијата Европска солидарност, подоцна потврди за „Киев Индепендент“ дека Парубиј е жртвата.
Зеленски, исто така, ја потврди веста
„Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главниот обвинител Руслав Кравченко штотуку ме информираа за првите познати околности на ужасното убиство во Лавов. Андриј Парубиј почина“, рече претседателот Володимир Зеленски.
„Се распоредуваат сите потребни ресурси за истрага и пронаоѓање на убиецот“.
Властите добија повик за итни служби околу пладне по пукање во јужниот град Лавов, округ Франкивски, соопшти полицијата.
Жртвата починала на местото на настанот.
Службениците не коментираа за можни осомничени или за евентуален мотив за злосторството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките…
Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка…
Санчез ја заврши кампањата со апел: Да…
Шпанскиот премиер во заминување, социјалистот Педро Санчез,…
Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…
Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…
(Видео) Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме…
Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме пред…
Зеленски со указ забранува медиумите да известуваат…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со…