„Ало, вашата ќерка прегази дете“: Старица од Велес измамена преку телефон

t

МВР информира дека вчера во СВР Скопје Д.Г.(88) од Велес пријавила дека на 27. овој месец околу 10 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во којашто како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра.

Откако жената рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што и го сторила.

Околу 11.50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци, а потоа со автобус се вратила во Велес.

Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче откри сомнеж за криминал од 37…

Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за…

Зеленски најави засилени удари врз руските рафинерии:…

Украина ќе ги засили нападите врз руските…

Мерц пристигна во Киев: Германија подготвува милијарда…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц утрово пристигна во…

Трамп: Не можете едноставно да ги исклучите…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поддржа…

Студено утро, па сончево и релативно топло…

Времето денеска ќе биде со ведро и…