Граѓаните кои претрпеле штети од ветрот да се јават на бројот за итни повици 112

t

Во Скопје попладнево дува силен ветер, делови од градот се без електрична енергија, а според информациите од Центарот за управување со кризи има два големи пожари и тоа на Скопска Црна Гора меѓу селата Црешево и Брњарци и меѓу селата Крушопек и Лока, но и на други места.

Директорот на ЦУК, Мухамед Аљи, во изјава за МИА вели дека се чека да се намали силината на ветрот за да се испратат воздухоплови за гаснење на овие пожари. Силниот ветер предизвика и материјална штета.

Според досегашните информации во невремето нема евидентирани повредени лица.

Паднати кровови од згради има во Чаир, во Ѓорче Петров, на булеварот Партизански одреди во близина на бензинската пумпа на Окта, но и повеќе паднати дрвја, гранки од дрвја и разлетани контејнери на различни локации во градот.

Од ЦУК информираат дека надлежните служби внимателно ја следат состојбата и дека се во постојана координација со сите релевантни служби на терен.

Се повикуваат граѓаните кои имаат претрпено материјални штети или воочат дополнителни ризици, веднаш да се јават на бројот за итни повици 112.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните кои претрпеле штети од ветрот да…

Во Скопје попладнево дува силен ветер, делови…

Шукова: Ќе ја деблокирам изградбата на мостот…

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од…

Авионско прскање против ларви од комарци во…

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на…

Центарот на Скопје ќе стане пешачка и…

„Време е на Скопје да му го…

Малолетници претепале маж во Скопје

На 20.08.2025 во 20:00 часот во СВР…