Студентите од Ниш утре на масовен протест по повод 10 месеци од падот на настрешницата во Нови Сад
Со протестот ќе се одбележат десет месеци од уривањето на бетонската настрешница на реконструираната Железничка станица во Нови Сад, кога поради корупција загинаа 16 невини луѓе, а досега никој не е повикан на одговорност, рекоа тие.
Студентите во блокада во Ниш ги повикаа своите колеги и сограѓани да учествуваат на студентскиот протест „10 месеци, 16 жртви, 0 одговорни“ утре, на 1 септември.
Со протестот ќе се одбележат десет месеци од уривањето на бетонската настрешница на реконструираната Железничка станица во Нови Сад, кога поради корупција загинаа 16 невини луѓе, а досега никој не е повикан на одговорност, рекоа тие.
Протестот ќе се одржи на раскрсницата пред Основниот суд од 11:30 часот. Планирани се студентски говори, шеснаесетминутна тишина и перформанс во знак на сеќавање на настрадалите.
„Дојдете и покажете уште еднаш дека се сеќаваме, дека не се откажуваме од борбата за правда. За сите нив, за сите нас“, се наведува во поканата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18+ видеа од познати жени објавени во…
Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…
Епидемијата на чума во Сибир излегува од…
Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…
САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…
Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…
Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…
Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…
Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…
Се појавија непотврдени информации за нов напад…