Грета Тунберг ќе плови кон Газа со нова хуманитарна помош
Флотилата што тргнува денеска од Барселона ќе пристигне во Газа кон средината на септември.
Шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг ќе биде дел од флотилата која денеска ќе тргне од Барселона со нова хуманитарна помош за Газа. Бродовите, пренесува Гардијан, ќе тргнат од шпанскиот пристанишен град за да отворат хуманитарен коридор и да го прекинат тековниот геноцид врз палестинскиот народ, соопшти Глобалната флотила Сумуд.
Тие не кажаа колку бродови ќе отпловат или точното време на заминување. Се очекува флотилата да пристигне во крајбрежната енклава разорена од војната кон средината на септември.
„Ова ќе биде најголемата мисија на солидарност во историјата, со повеќе луѓе и повеќе бродови отколку сите претходни обиди заедно“, изјави бразилскиот активист Тијаго Авила пред новинарите во Барселона минатата недела.
Организаторите велат дека се очекува десетици други бродови да ги напуштат туниските и другите медитерански пристаништа на 4 септември.
Активистите, исто така, ќе организираат истовремени демонстрации и други протести во 44 земји во солидарност со палестинскиот народ, напиша Тунберг на Инстаграм, која е дел од управниот одбор на флотилата.
Освен Тунберг, флотилата ќе вклучува активисти од неколку земји, европски пратеници и јавни личности како што е поранешната градоначалничка на Барселона, Ада Колау.
„Разбираме дека ова е легална мисија според меѓународното право“, изјави минатата недела во Лисабон за новинарите левичарската португалска пратеничка Маријана Мортагва, која ќе се придружи на мисијата.
Израел веќе блокираше два обида на активисти да достават помош со брод во Газа, во јуни и јули. Во јуни, 12 активисти на едрилицата „Мадлин“ беа пресретнати од израелските сили на 185 километри западно од Газа. Патниците, меѓу кои и Тунберг, беа приведени и на крајот протерани. Во јули, 21 активист од 10 земји беа пресретнати додека се обидуваа да се приближат кон Газа со друг брод, „Хандала“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во Кисела Вода, маж пренесен во…
Синоќа во полицијата било пријавено дека на…
Изгаснат пожарот во Сопиште, гори во Аеродром…
На ден 08.08.2026 година, до 18:00 часот,…
Гостиварчани 4-та недела без питка вода –…
Квалитетот на водата во Гостивар се подобрува,…
Над двесте луѓе евакуирани поради голем шумски…
Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради…
Подгответе се – Доаѓа многу топло време…
Времето утре сончево и многу топло со…