Фон дер Лајен: Само врз основа на сопствените заслуги, земјите од Западен Балкан ќе станат дел од ЕУ

t

Денеска претседателката на Европската комисија, Урсула Фон – Дер Лајен беше на работна посета во Бугарија. Таа на новинарско прашање на новинар од БГНЕС, одговори дека само врз основа на сопствените заслуги, земјите од Западен Балкан ќе станат дел од ЕУ. Секоја земја избира дали сака или не сака да биде дел од ЕУ.

„Дали е реално безбедносниот систем што Европската Унија во моментов го гради со вооружување и други мерки да биде одржлив тука, во регионот на Црното Море и на Балканот, со оглед на политиката на прогласениот руски сојузник Србија и обидите за дестабилизација на Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора – сите земји кандидати за членство во Унијата? Дали ги земате предвид овие ризици? Во овој контекст, дали му кажавте на г-динот Христијан Мицкоски дека нема да добие „план Б“ за европска интеграција на Северна Македонија?“ – праша новинарот од БГНЕС

Фон дер Лајен нагласи дека проширувањето на Унијата останува приоритет со цел да се гарантира безбедноста на континентот: „Проширувањето е во интерес на ЕУ. Поголема, поконкурентна и побезбедна ЕУ значи Европа со посилен глас во светот.“

„Второ, како што рековте – мешањето на другите сили, особено Русија, во Западен Балкан, а исто така и во Молдавија – бара од нас да застанеме зад нашите пријатели и партнери, да ги поддржиме и зајакнеме, да се бориме против овие хибридни напади и мешањето што го трпат. Мора да им дадеме можност слободно да изберат – дали сакаат да бидат дел од ЕУ или не“, додаде таа.

„Проширувањето е и ќе остане процес базиран на заслуги. Јасно е што треба да се направи, подобрувањата што треба да се постигнат. Секој кандидат ќе биде оценет според неговите услови. Ова гради доверба од двете страни. Проширувањето бара време. Сакам да повторам дека е клучно за Европа, за регионалната стабилност и безбедност, да работиме напорно за успешно проширување“, заклучи претседателката на Европската Комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Само врз основа на…

Денеска претседателката на Европската комисија, Урсула Фон…

Зеленски најави нови напади на територијата на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев…

ЦУК: Пожарот во Вардариште изгаснат, нема активни…

На ден 31.08.2025 година на територија на…

Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски…

Во својата вчерашна посета на Кавадарци, во…

Фон дер Лејен: Путин е „предатор“, Европа…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…