Билборди со роденденска честитка за Лукашенко се појавија во Србија
Билборд во Белград од ултрадесничарската организација Наси, на кој му го честитаат роденденот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесе РСЕ.
Билборд во Белград од ултрадесничарската организација Наси, на кој му го честитаат роденденот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко
На 30 август во Белград и Нови Сад се појавија билборди, со кои му се честиташе роденденот на авторитарниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.
На билбордите, заедно со честитките за роденденот до Лукашенко, пишуваше „Србија ве сака“. Тие беа потпишани од „Иван Ивановиќ – Конзервативно движење наше“.
Во соопштението на движењето се вели дека Лукашенко бил „искреен и голем пријател на српскиот народ“ и дека Белорусија „секогаш ни стоела на страна“ во најтешките моменти за Србија, објави новинската агенција Бета.
„Движењето Наши“ е ултрадесничарска организација, која не е официјално регистрирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18+ видеа од познати жени објавени во…
Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…
Епидемијата на чума во Сибир излегува од…
Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…
САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…
Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…
Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…
Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…
Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…
Се појавија непотврдени информации за нов напад…