ВМРО-ДПМНЕ контра Коце, не биле 101 километри: Македонија инфраструктурно се трансформира, изградени и пуштени во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат
„Македонија интензивно и засилено се гради во сите делови на државата. За една година ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи посветено и како се реализираат крупни капитални инфраструктурни проекти кои ја трансформираат Македонија. Изградбата на големите патни решенија значително го подобрија и забрзаа патниот сообраќај, граѓаните побрзо и побезбедно стигнуваат до посакуваната дестинација, а позитивно влијаат и на економијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Така, за една година се завршија и пуштија во употреба над 70 километри експресни патишта и автопат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за една година ги заврши и пушти во употреба двете делници од експресниот пат Градско-Фариш, во должина од 25,7 километри, како и 25,5 километарската делница Страцин-Крива Паланка која е дел од експресниот Куманово-Крива Паланка.
Со интензивирање на градежните активности, се изгради и пушти во употреба делницата Врбјани-Ботун долга 20 километри, дел од автопатот Кичево-Охрид, а многу наскоро во употреба ќе биде пуштена уште една делница.
Додека пак, до крајот на 2026 година, во употреба ќе биде пуштен целиот автопат.
Паралелно со изградбата на овие значајни патишта, засилено се гради и на автопатиштата Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, кои се очекува да завршат и да се пуштат во употреба во 2027 година.
Со ова темпо на градење на патишта, во следните неколку години, државата ќе биде поврзана со експресни патишта, а и целосно ќе се заврши и стави во функција автопатската мрежа.
Македонија се трансформира и развива, а промените ги гледаат и чувствуваат граѓаните на дело“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно Коце Трајановски посочи дека во изминатиот период од година дена, колку што ВМРО-ДПМНЕ е централна власт, се направи многу во областа на државните патишта бидејќи заедно со Владата, ресорното министерство и со градоначалниците се работи тимски.
„Во изминатата година дена, завршивме и пуштивме во употреба 101 километар од експресни и регионални патишта и тие се во вредност од околу 200 милиони евра. Значи, толку да се направи и толку да се инвестира сигурно е дел од една тимска работа, пред се од Јавното претпријатие и на институциите од централната власт коишто помагаат. Тука се бирото за проценка, управата за имотно правни односи, Катастар и останатите“, рече Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ контра Коце, не биле 101 километри:…
„Македонија интензивно и засилено се гради во…
Филипче: Албанија и Црна Гора напредуваат кон…
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ),…
Билборди со роденденска честитка за Лукашенко се…
Билборд во Белград од ултрадесничарската организација Наси,…
Фон дер Лајен во Софија: Две фабрики…
Бугарија има исклучително силна традиција во одбранбената…
(Видео) Вашингтон и Москва речиси истовремено ја…
Само еден ден ги дели две пораки…