(Видео) Во чад и неподнослива миризба учениците од Аеродром ја почнаа учебната година

t

Жителите на скопската општина Аеродром утрово се разбудија во облаци чад и неподнослива миризба што се шири низ населбата. Учениците кои побрзаа на првиот час, денеска ќе дишат токсичен воздух.

Најверојатно, причината е вчерашниот голем пожар што избувна на депонијата Вардариште, кој, според граѓаните, и денеска продолжува да чади и да испушта густ чад. Миризбата особено силна беше ножеска околу полноќ, а утрово од терасите кои се свртени кон Вардар се забележуваше низок облак од чад, појава која во Ново Лисиче е стандардна во есенските месци, кога маглата ја гуши населбата.

Од раните утрински часови, воздухот во овој дел на градот е загаден и тешко се дише, а граѓаните се жалат дека мирисот е присутен и во нивните домови.

Ситуацијата повторно го отвори прашањето за сериозните последици од постоењето на дивата депонија Вардариште, која со години претставува еколошка бомба во срцето на Скопје. Граѓаните бараат надлежните институции итно да реагираат и да го решат проблемот кој сериозно го загрозува нивното здравје и квалитетот на животот.

Повиците за блокирање на бул „Србија“ и АСНОМ, во близина на мостот „Близнак“ се сѐ погласни.

Дел од жителите на оваа населба ги повикуваат и политичарите од Зелен хуман град да бидат предводници на граѓанскиот револт кон институциите и заедно да се издејствува решение за поранешниот дом „Ранка Миловановиќ“ и депонијата, односно претоварна станица Вардариште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времето утре: сончево и топло со мала…

Времето утре ќе биде сончево и топло…

Сали од Даблин: Македонија ја избра Европа,…

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…

Осум активни пожари и три под контрола…

На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот,…

Јанев: Сузбиената група во Скопје проневерила над…

Во текот на вчерашниот ден се уапсени…

САД почнуваат да размислуваат за воени напади…

Соединетите Американски Држави треба да почнат да…