Мицкоски: Вештачката интелигенција ќе им помогне на учениците да се подготват за иднината
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на свечениот почеток на новата учебна година во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, каде што присуствуваше на приемот на првачињата.
Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека оваа година е значајна за учениците и наставниците, бидејќи за првпат по седум години сите ученици ќе ги добијат учебниците навремено.
– Ова е важен чекор напред и значајно достигнување. Сакам да им се извинам на родителите за претходните години, но и да ветам дека преку вештачката интелигенција ќе зборуваме за иднината и предизвиците што таа ги носи – нагласи премиерот.
Тој додаде дека за првпат по долго време учениците ќе имаат и учебници по странски јазици, што ќе го подобри наставниот процес. Мицкоски упати благодарност до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за вложениот труд, како и до градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој, како што рече, неуморно работи за доброто на општината.
Премиерот до учениците и наставниците упати порака со две главни вредности:
– Учете со љубов, но не заборавајте дека најважни се семејството и татковината – порача тој.
На крајот, Мицкоски им посака на најмладите ученици успешна учебна година, исполнета со радост и нови знаења.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…