Пакетот мерки за млади поднесен од Левица утре пред пратениците
Утре пред пратениците ќе се најде обемен пакет на мерки за младите, поднесен од Левица, којшто опфаќа шест иницијативи регулирани преку ПЕТ ЗАКОНИ. Со нив се адресираат најгорливите проблеми на младите и младите семејства – домувањето, родителството, условите за работа и секојдневниот економски товар, соопштија од опозициската партија.
СКРАТЕНО и флексибилно работно време од шест часа за родители до шестата година на детето;
Со предложените измени на Законот за работни односи, Левица предлага родителите на деца до шест години да добијат право на полно работно време во траење од шест часа, со флексибилен распоред во договор со работодавачот.
Моменталното законодавство предвидува породилно и родителско отсуство до 15 месеци, по што работникот се враќа на стандардно работно време без дополнителни олеснувања, освен паузата за доење до една година.
Контрола на пазарот со КИРИИТЕ;
Со дополна на Законот за домување, Левица предлага воведување на јасни ограничувања за максималната висина на кириите, со цел заштита на закупците од нереални и надуени цени. Моменталното решение остава огромен простор за злоупотреби, бидејќи минималниот праг е дефиниран, но максимален не постои, што резултира со енормни закупнини.
Закон за државна ПОДДРШКА при купување на ПРВ ДОМ за млади;
– Државна гаранција и субвенционирање на камата: државата гарантира до 95% од главнината на кредитот за купување прв дом и во првите десет години ја субвенционира каматата. На овој начин младите добиваат полесен пристап до станбен кредит и се намалува финансискиот товар во најважниот период од нивниот живот.
– Делумен отпис на кредит при раѓање или посвојување дете: при раѓање или посвојување на прво дете се отпишува 20% од преостанатата главнина на кредитот, а за секое следно дете дополнителни 10%.
Закон за ВАУЧЕРИ за неформална детска грижа;
Во услови на хроничен недостиг од капацитети во јавните градинки, оваа мерка претставува поддршка на семејствата. Преку воведување на месечен ваучер во износ од 6.000 денари за неформалните грижители (баби, дедовци, роднини, соседи и сл.), државата ја препознава и формализира нивната улога во грижата за децата.
БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ за родители на деца до 6 години;
Со дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Левица предлага воведување на бесплатен јавен превоз за родителите на деца до шест години. Според ССМ, транспортот чини 7–8% од синдикалната минимална кошница, а кај младите семејства овој трошок е уште поголем поради зголемената мобилност.
Овој пакет на мерки претставува иницијален чекор, изграден врз основа на ДИРЕКТНА АНКЕТА и одраз на реалните потреби на младите во Македонија. За разлика од казнените, даночни најави на премиерот Мицкоски, ваквите законски решенија претставуваат вистинска поддршка и стимул за младите – за формирање семејства, за подобар стандард и за достоинствен живот во сопствената земја.
Затоа, ги ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ПРАТЕНИЦИ, особено оние од владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, на утрешната седница да дозволат овој пакет да го помине првиот филтер и да се отвори широка, сериозна и конструктивна дебата. Недозволиво е вакви предлози кои се во интерес на младите генерации, да бидат отфрлени однапред, само поради партиска АРОГАНЦИЈА и политички калкулации. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пакетот мерки за млади поднесен од Левица…
Утре пред пратениците ќе се најде обемен…
Ако растот на реалната плата е толку…
Тврдењето дека „растот на реалната плата“ е…
Левица: Скопје живее со привиди на модерност…
Еден посилен ветер или неколку поројни капки…
Левица: Стојкоски манипулира со сомнителни панаѓурски проекти…
Суштинската разлика помеѓу саем и панаѓур е…
Надлежните ресори во Министерството за одбрана да…
Надлежните ресори во Министерството за одбрана да…