Објавено на:

Авионот на Фон дер Лајен останал без ГПС – сомнежи за руско мешање

t

Авионот со кој патувала претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен останал без ГПС навигација при слетување во Бугарија, а во Брисел се сомневаат дека зад инцидентот стои Русија.

„Можеме да потврдиме дека имало блокирање на ГПС сигналот, но авионот безбедно слета,“ изјави Аријана Подеста, заменичката на портпаролот на ЕК.

Настанот се случил за време на турнејата на Фон дер Лајен низ Летонија, Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија. Таа вчера пристигна во Бугарија, каде што ја посети фабриката за оружје во Сопот.

Според „Фајненшл тајмс“, авионот што ја превезувал до Пловдив не можел да користи електронски навигациски помагала како резултат на пречките, што го принудило пилотот да се потпре на хартиени мапи за слетување.

Подеста изјави дека Европската комисија добила информации од бугарските власти врз основа на кои се сомнева дека попречувањето било извршено од Русија.

Блокирањето и лажирањето на ГПС сигналот ги оневозможува авионите да користат навигациски системи како американскиот „ГПС“ или европскиот „Галилео“, или пак ги нарушува добиените податоци за локација. Европските влади веќе предупредија дека оваа форма на намерно мешање се забележува во регионот на Балтичко Море од 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици…

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, утрово…

Авионот на Фон дер Лајен останал без…

Авионот со кој патувала претседателката на Европската…

Пакетот мерки за млади поднесен од Левица…

Утре пред пратениците ќе се најде обемен…

Во месец август 19.343 сообраќајни прекршоци, лишени…

Во месец август 19.343 сообраќајни прекршоци, лишени…

Кирии во Скопје: Центар и Карпош скапи,…

Во пресрет на новата учебна и академнска…