Висока воена делегација од Романија во официјална посета на македонската армија
Висока делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.
Делегацијата од Романија ќе биде пречекана со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, по што ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Главни теми на средбата, како што информираат од Армијата ќе бидат: процесот на трансформација на Армијата, учество на Армијата во меѓународни мисии, капацитетите за обука и вежби на армискиот полигон „Криволак“, можноста за билатерална соработка од областа на силите за специјални операции, заемна поддршка при исполнување на НАТО целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и други теми за унапредување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии.
За време на посетата генералот Влад, како што е најавено, ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…