Поранешен дански министер е осуден за детска порнографија, тврди дека тој бил жртва

t

Поранешен дански министер е осуден на казна затвор од четири месеци откако во неговиот компјутер биле пронајдени материјали од детска порнографија. Тој ги негира обвиненијата тврдејќи дека го имал материјалот бидејќи се обидувал да открие кој го злоупотребил како дете, објави „Еурактив“.

Сас Ларсен, поранешен социјалдемократ кој беше министер за индустрија, призна дека имал повеќе од 6.000 фотографии и 2.000 видеа од сексуална злоупотреба на деца на својот компјутер.

Обвинителката Марија Цингари изјави дека е задоволна од пресудата, но додаде дека е тажно што некој што успеал да го постигне максимумот во животот и покрај тешкото детство, ќе се најде во таква ситуација.

„Никогаш не треба да поседувате детска порнографија, без разлика која е причината“, додаде таа.

За време на судењето, 59-годишниот поранешен министер, кој бил сместен во згрижувачко семејство како дете пред да биде посвоен, рече дека во 2018 година добил линк што го довел до 50-годишно видео на кое се гледа како е сексуално злоупотребен кога имал три години.

Тој сведочеше дека потоа добил уште еден видео клип од истиот период во 2020 година, на кој тригодишно девојче е силувано во негово присуство.

Според него, две од видеата исчезнале откако ги гледал.

Тој изразил жалење на судот што не ја контактирал полицијата кога ги добил видеата.

Адвокатката на Сас Ларсен, Берит Ернст, им изјавила на новинарите дека сепак ќе види дали ќе поднесе жалба на пресудата.

Скандалот беше откриен во март, по што поранешниот министер беше исклучен од неговата Социјалдемократска партија, а премиерката на Данска, Мете Фредериксен, од истата партија, во тоа време изјави дека е шокирана од целиот случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата се спушта, еврото падна

Цените на нафтата паднаа бидејќи податоците покажуваат…

На денешен ден, пред 19 години: Тоше…

На денешен ден, пред 19 години, својот…

За шест месеци потрошени 1,6 милијарди евра…

Податоците од Управата за јавни приходи (УЈП)…

Гасот во Европа поскапе за 171 отсто…

Цената на природниот гас на европскиот пазар…

Анкета: Меркел е посоодветна од Мерц за…

Речиси половина од Германците веруваат дека поранешната…