Граѓански собир во Аеродром поради „екоцидот и неподносливата миризба“ последните денови!
Денеска во 18 часот се организира граѓански собир на раскрасницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров поради екоцидот и лошата миризба која се чувствува во последните денови низ Аеродром.
– ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ СОБИР!
02.09.2025 од 18.00 до 19.00 часот
Почитувани сограѓани
ЕКОЦИДОТ или силната миризба која ја чуствуваме изминативе неколку дена е неподнослива и со сигурност неизмерно штети на нашето здравје. Нашите дечиња школската година ја започнаа во најлоши можни околности. Наша граѓанска должност е да побараме СЕГА И ВЕДНАШ разрешување на овој проблем. Како граѓани се прашуваме: Кои институции ни недостасуваат за да го решат овој проблем? СЕГА И ВЕДНАШ, не по изборите, ниту во наредниот период. Веруваме дека овој проблем сите нас доволно не засега и мирно со блокирање на раскрасницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров, во 16:00 часот, секој ден ќе допреме до надлежните за разрешување на овој проблем СЕГА и ВЕДНАШ. – стои на плакатите залепени низ Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓански собир во Аеродром поради „екоцидот и…
Денеска во 18 часот се организира граѓански…
Дел од општина Аеродром денес ќе биде…
Дел од жителите од Општина Аеродром денеска…
Бутел и Аеродром денеска без струја, најавени…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (петок)…
Д-р Трајановски: Потребен е хуман пристап и…
Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром и…
Тепачка во кафеана во Аеродром
На 12 јули 2025 година, во 21:10…