Мицкоски: Прислушкувањето е удар врз темелите на државата

t

„Нелегалното прислушкување не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода и врз темелите на државата“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, осврнувајќи се на најновиот скандал со злоупотреба на безбедносните служби.

На состанок посветен на партнерството за отворена власт, премиерот порача дека нема да има селективна правда и дека сите одговорни ќе се соочат со правна разрешница.

„Јас лично, тогаш како претседател на најголемата опозициска партија, а денеска како премиер, заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности, сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Нашиот народ предолго бил жртва на злоупотреби, на корупциски шеми и на тајни центри на моќ. Времето на недопирливи заврши“, беше дециден Мицкоски.

Тој нагласи дека токму отворената и транспарентна власт е одговорот на ваквите злоупотреби. „Таму каде што има светлина, нема простор за сенки. Кога институциите се отворени и отчетни, тогаш нема место за злоупотреба, ниту за загрозување на слободите и демократијата“, додаде премиерот.

Обраќајќи се на настанот, на кој присуствуваа и министерот за информатичко општество и администрација Горан Минчев и претставници од меѓународната заедница, Мицкоски истакна дека Владата е цврсто решена да ги продолжи реформите во борбата против корупцијата, модернизацијата на јавниот сектор и дигиталната трансформација, како клучни чекори на патот кон Европската Унија.

„Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон ЕУ не е само административна постапка, туку суштински трансформациски пат“, рече тој.

Премиерот заклучи дека визијата на Владата е изградба на држава со силни институции, ефикасни дигитални услуги и општество со доверба во демократијата, порачувајќи дека Македонија стои цврсто на патот на реформите од кој нема враќање назад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…

Граѓани со часови се жалат за неподносливата…

Пожарот на косовската граница не се смирува,…

Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…

(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на…

Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала…

Вучиќ за шпионирањето на студентите: И мене…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите…

Медведев со нови закани: Германија ја продолжува…

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј…