Шукова: Топли училници, деблокирана администрација и финансиска стабилност во скопските училишта
Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, денес во разговор со Петар Трајковски наставник од скопска Кисела Вода разговараа за најгорливите проблеми со кои се соочуваат во образованието. Состојбата со училиштата во главниот град е алармантна, наставниците се без поддршка, со години се соочуваат со блокади, хаос и незаконски решенија.
„Образованието не е приоритет на градската власт, туку заложник на дневната политика и лошото менаџирање. Тоа не е само личен впечаток – тоа го гледа цело Скопје“, изјави Шукова.
Таа посочи дека образовниот систем во Скопје е оставен без основни услови за работа – од греење и исхрана до недостиг на административен кадар и законски избрани директори.
Наставниците укажаа дека дел од училиштата немаат средства за греење, а се соочуваат и со забрана за изнајмување простор – што ги лишува од сопствени приходи и создава непрактични и небезбедни услови за учениците.
„Ова е класичен пример на пропуст од страна на градската власт. Ќе обезбедиме средства за топлотни пумпи и енергетска ефикасност, а изнајмувањето училишен простор ќе се врати – но под јасни правила и контрола“, изјави Шукова.
Како клучен проблем беше посочено и тоа што еден сметководител опслужува повеќе училишта, што доведува до блокада на финансиските процеси.
„Секое училиште мора да има свој сметководител. Без финансиска стабилност, нема квалитетно образование. Ова ќе биде еден од моите приоритети уште во првата година“, потенцираше Шукова.
Се отвори темата и за ВД директорите кои се поставуваат без законски услови, како и блокираните согласности за вработување на секретари и сметководители.
„Во мој мандат нема да има незаконски поставувања. Директорите ќе се избираат транспарентно и по закон. Ќе ја деблокираме администрацијата и ќе овозможиме училиштата да функционираат нормално, а наставниците да се посветат на својата основна улога – едукацијата на децата“, изјави Шукова.
Во заклучок, таа порача:
„Градот мора конечно да застане зад образованието. Под мое водство, образованието ќе биде еден од највисоките приоритети, затоа што Скопје заслужува стабилни училишта и силни, среќни генерации.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шукова: Топли училници, деблокирана администрација и финансиска…
Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова,…
Агенцијата за обезбедување блиска до Томовски доби…
Спорната агенција за обезбедување Пратеориан, за која…
Неофицијално: Ганиу учествувал во тепачка со две…
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во текот…
ОЈО ГОКК оформи предмет за наводното следење…
Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско…
МВР му поднесе кривична пријава на полицаецот…
Кривична пријава за полициски службеник кој нападна…