Ќе има ли истрага за Лајонес? – Маркетери велат дека се оштетени за 150 милиони евра
За бескрупулозноста на наведената група на Маркетери имаме безброј докази, како изјави на оштетени и сведоци, потоа преку 150 часови снимен видео и аудио материјал, меѓу кои и конкретните ветувања и гаранции, поттикнување на посетителите на нивните наведувачки перформанси да продаваат станови, ниви, да земаат кредити и останати задолжувања и да ги вложат во ’нивниот бизнис’.
Група од педесетина граѓани на Македонија, кои биле дел од Лајонес-Мајворлд шемата во земјава, проценуваат дека со овој пирамидален финансиски систем се извлечени од државава околу 150 милиони евра,. Тие се обединиле во група која ја именувале како „Анти-Лајонес Лоби“, чии имиња се познати на редакцијата на НетПрес, но сакаат да останат анонимни, и велат дека само членовите на нивната група се оштетени за околу 800.000 евра.
Обвинуваат за дузина незаконитости и најавуваат правна борба за случајот.
Досега случајот го пријавиле во финансиска полиција, но и во МВР и се во очекување на негово процесуирање.
„Ние, поголема група на членови на Лајонес (Лајконет, Мајворлд) на овој начин сакаме да ја известиме јавноста, но и надлежните државни органи, за основани сомневања дека организирана група на Лајонес (Мајворлд) Маркетери, според наши сознанија, има извршено голем дел на нелегални и незаконски активности со кои истата група се има здобиено со голема материјална корист, а на штета на голем дел од нас „врбувани“ и измамени од групата Маркетери која на овој начин ја пријавуваме.
„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата
Повеќе на НетПрес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…