ОЈО Скопје поведе истрага за загрозување на животната средина со диви депонии на Вардариште, предложен притвор за три лица
Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи во изминатите два дена и извршени претреси на локацијата Вардариште по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага и предложи на тројцата да им биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да продолжат да го повторуваат делото.
Осомничените, подолг временски период се до 02.09.2025 година, на ул.„Зендел Џемаил“ бб во Скопје, создале депонија спротивно на прописите за заштита на животната средина, со која можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата и да предизвикаат опасност за животот или здравјето на луѓето.
Сите тројца вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади на предметната локација, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење на дејност за управување со отпад која согласно закон ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање.
Согласно обезбедените докази, постои основано сомнение дека осомничените вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпад, создале диви депонии спротивно на прописите за заштита на животна средина, со што влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, но и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето.

Пожарот во Вардариште се активираше во неделата попладне и веќе со денови жителите на повеќе Скопски општини живеат во чад и смрдеа. Граѓаните вчера и денес се собраа на масовен собир во Аеродром, брајќи чист воздух.
(Видео) Блокади на булевари во Аеродром! Граѓаните бараат чист воздух, најавија нов собир за утре
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО Скопје поведе истрага за загрозување на…
Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство…
Алиу: Стратегијата за соработка со СЗО за…
Денеска се одржа промоција на Стратегијата за…
Путин го повика Зеленски во Москва: „Ако…
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…
Герасимовски: Ангажираме лични асистенти во училиштата, плата…
Преку проектот „Образование за сите”, Центар и…
Масовна тепачка во Скопје, тинејџер ќе одговара…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против осум…