Макрон: Подготвени се безбедносните гаранции за Украина

t

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека безбедносните гаранции за Украина се подготвени и дека тие ќе бидат потврдени утре на состанок во Париз од страна на „коалицијата на добронамерните“ што го поддржува Киев.

„Ние сме подготвени како Европејци да понудиме безбедносни гаранции на Украина и украинскиот народ на денот на потпишувањето на мировниот договор“, рече Макрон, како што објави Ројтерс. Тој исто така рече дека подготвителната работа за безбедносните гаранции за Украина е завршена.

Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Елисејската палата во Париз пред состанокот на лидерите на коалицијата на добронамерните.

Околу 30 лидери ќе учествуваат на самитот, на кој ќе се разговара за напредокот во дискусиите за безбедносните гаранции за Украина, кои се сметаат за неопходен предуслов за секој иден мировен договор, според нацрт-документ што го виде Ројтерс, а кој им беше доставен на учесниците.

Коалицијата составена од Франција и Велика Британија, со месеци води разговори за да се обиде да дефинира планови за тоа кои земји би можеле воено да ѝ помогнат на Украина за да ја одврати Русија од повторен напад кога ќе се постигне конечно примирје, според медиумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета: Меркел е посоодветна од Мерц за…

Речиси половина од Германците веруваат дека поранешната…

ФБИ уапси жена во Калифорнија под сомнение…

Американските власти во неделата уапсија жена од…

Канада разгледува сценарио за американска инвазија: Карни…

Канада разработува сценарија за можен американски воен…

Белата куќа го следи сомнежот за чума…

Белата куќа ги следи извештаите за можен…

18+ видеа од познати жени објавени во…

Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…