СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

t

Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. – се вели во соопштението на опозициската партија СДСМ.

Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицирата документите, тоа е само алиби, параван зад кој се крие вистинската намера на власта.

Законот е јасен „тој што класифицира, тој и декласифицира“. Во овој случај тоа е АНБ и треба да се направи веднаш.

Не може да се фрлаат обвинувања во јавноста без ниту еден доказ, без факти. Ваквото однесување ја поткопува довербата во тоа што го кажува власта, фрла сериозни сомнежи за намерна манипулација опасна игра на ВМРО-ДПМНЕ.

Како тоа премиерот Мицкоски тврди дека наводно бил прислушуван а директорот на АНБ Христовски да кажува друго, дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица.

Некој тука лаже свесно.

Само преку декласификација јавноста ќе ја увиди реалноста, дали и кој правел злоупотреби. Ако не се направи декласификација власта ќе потврди дека целиот случај е креиран заради политички мотиви и злоупотреба на агенцијата во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ. – заклучуваат од СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Виткоф и Кушнер ќе го посетат…

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер…

(Фото) Трамп ќе гради триумфална капија, висока…

Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да…

Германската полицијата е во потрага по маж…

Германската полиција бара маж осомничен за извршување…

Службеник на Канцеларијата на генералниот обвинител на…

Националното биро за борба против корупција на…

Најмалку 37 загинати при кражба на нафта…

Како што соопштија локалните организации денеска најмалку…