Mицкоски сега тврди дека Македонија е трета економска сила во Европа!
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ја посети Општина Брвеница, при што присуствуваше на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во општина Брвеница. Тој одговараше на новинарски прашања на кој беше прашан за растот на БДП во вториот квартал од 3,4 проценти.
-Днеска Државниот завод за статистика објави податок дека бруто-домашниот производ во Македонија во вториот квартал е зголемен за 3.4 % и тоа значи дека во моментот се објавени од ЕУРОСТАТ (европската статистика) податоци за растот на БДП за 28 европски земји, изјави Мицкоски.
Тој истакана дека Македонија го дели третото место со Хрватска, додека пред нас се Ирска и Кипар. Останатите земји во регионот и пошироко се позади Македонија.
-Ова е веќе 4 квартал кога имаме раст на БДП од повеќе од 3% заедно со оваа Влада, потенцира Мицкоски.
Тој истакна дека очекува да имаме и квартал со кој ќе ја пробиеме границата со 4%, со што уште еднаш ќе ги демантираме конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не и одело добро.
-Ова се бројки, со бројките нема политиканство, со бројките нема играње, тоа се факти, кои се на страната на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…