Руте: Нашата цел не е да провоцираме, туку да се браниме

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес, во Прага, изјави дека западните сојузници мора бргу да се вооружат за да ги спречат хегемонските амбиции на Русија, која ќе остане закана дури и по војната во Украина, и да постигнат мир преку сила.

„Јасно е дека нашите сегашни капацитети не се доволни. Соочени сме со сериозни закани. Русија и Кина произведуваат оружје со невидена брзина. Ова не е демонстрација на паради, туку вистинска сила. Денес, Русија издвојува 40 проценти од својот буџет за вооружување. Само оваа година илјадници тенкови и стотици ракети ‘Искандер’. Наша задача е да ја подготвиме Европа“, рече Руте на самитот за одбрана во Прага.

Првиот човек на НАТО изјави дека западните сојузници подготвиле планови, меѓу другото, како да ги зголемат капацитетите во противракетната одбрана петкратно, а исто така и производството на артилериска муниција.

„Добрата вест е дека веќе имаме значителни средства, а нови доаѓаат. Посилна одбрана на Европа. Набргу ќе достигнеме производство од два милиона артилериски гранати годишно и ќе почнеме да ја намалуваме огромната предност на Русија“, рече Руте.

Генералниот секретар ја спомена Украина како пример за репутација бидејќи успеа да произведе 4,5 милиони дронови годишно за кратко време и членките на НАТО треба да воспостават интензивна соработка со неа во оваа област.

„НАТО има јасен и амбициозен план. Секој партнер знае како да придонесе. Нашата цел не е да провоцираме, туку да се браниме. Зголемувањето на инвестициите во одбраната е одговор на неиспровоцираната агресија на Русија против Украина. Предизвиците нема да исчезнат. Нашата најголема предност останува единството. Европа и САД заедно“, рече Руте.

По панелот на самитот за одбрана во Прага, генералниот секретар на НАТО ќе се сретне со чешкиот премиер, Петр Фијала.

Шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон на самитот изјави дека руската инвазија на Украина ги разби илузиите дека мирот е основен услов во денешниот свет.

„Русија произведува повеќе тенкови, борбени возила, ракети и беспилотни летала од кога било досега. Стекнува искуство од фронтот и успева да извлече поуки од нив. Бргу се приспособува, а исто така ги подобрува и своите хибридни операции“, рече Џонсон.

Шефот на чешката дипломатија Јан Липавски, отворајќи го самитот за одбрана во Прага синоќа, ги предупреди и западните сојузници за аспектот на хибридна војна и рече дека од 2014 година и кризата што избувна пред анексијата на Крим тие се во необјавена хибридна војна што почна против нив и продолжува да ја води Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Нашата цел не е да провоцираме,…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес,…

Османи: По изборите Националната алијанса за интеграција…

Кандидатот за градоначалник на Чаир и водечки…

Филипче од Радовиш: Со огромни кредити од…

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го запре патот на…

„Коалицијата на добронамерните“ подготвена да испорача ракети…

Членовите на „коалицијата на добронамерните“ изразија подготвеност…