Николоски: Голем раст на градежништвото и транспортот, ја градиме Македонија

t

Бруто домашниот производ порасна за 3.4% во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3%, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил.

-ГОЛЕМ РАСТ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО, ТРАНСПОРТОТ И СКЛАДИРАЊЕТО. Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците април, мај и јуни бруто домашниот производ порасна за 3.4% . Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3%, уште посилен раст од тој во првиот квартал од 7.1%, додека секторот транспорт и складирање порасна за 6.0% . Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и проекти од локално значење растот во третиот квартал ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт. Ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Голем раст на градежништвото и транспортот,…

Бруто домашниот производ порасна за 3.4% во…

Мерц: Европа не успева да се наметне…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европа…

Рама: Туристите кои “зборуваат албански и сакаат…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази критики…

СДСМ: Мицкоски и Орце ќе продолжат со…

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш го…

Кремљ: Поканата на Путин до Зеленски е…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави на…