Дали годинава имало средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин во Куманово
На средбата, како што посочија од партијата, била разгледувана и координирана значајна српска инвестиција во „Битолска банка“
Дали во февруари 2025 година во кабинетот на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, а во присуство на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, се одржала средба меѓу првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и поранешниот српски вицепремиер Александар Вулин, прашуваат денеска од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
На средбата, како што посочија од партијата, била разгледувана и координирана значајна српска инвестиција во „Битолска банка“.
„Ако овие информации се точни, јавноста мора да биде запознаена со мотивите, содржината и последиците на таков состанок. Секоја непроѕирност во врска со меѓународни финансиски интереси отвора сериозни сомнежи за политичко влијание и зависност“,
се вели во партиското соопштение.
ДУИ ги повика Димитриевски, Стоилковиќ и Меџити да дадат јасни и навремени појаснувања пред јавноста.
„Секој таен договор што вклучува странски финансиски интереси носи ризик од политичка зависност и влијание. Македонија не смее да биде заложник на сенки и непроѕирни договори“, пишуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека мора да се спречат какви било обиди за прикривање на јавноста и народот мора да ја знае вистината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…