Албанија со потерница го бара почесниот конзул на Македонија во Турција и еден од сопствениците на „Санте плус”

t

Билал Кара (45) од Албанија, еден ос сопствениците на ланецот болници „Санте плус“, која има своја клиника и во Скопје, албанската полиција го бара со потерница поради сомневање за сторени злоупотреби преку приватната клиника „Интернешнл медикер“ (поранешна „Санте плус“).

Кара во 2023 година беше именуван за почесен конзул на Македонија во Република Турција, со седиште во Измир. „Клиниката беше блокирана откако наводно не пријавила профит во вредност од еден милион евра. Исто така, за време на проверките, полицијата откри дека оваа клиника давала лекови кои биле со истечен рок или шверцувани производи. Кај пет вработени беше утврдено дека се неосигурани, објавија албанските медиуми. Групацијата „Санте плус” има три болници во Скопје (две во Ѓорче Петров и една на булеварот „Партизански одреди“), а лани била купена и приватната здравствена уставова „ВФВ клиника“. Д-р Билал Кара е претседател на Турско-албанскиот бизнис совет при Советот за надворешноекономски односи на ДЕИК (DEIK) и претседател на АТТСО (Стопанско-трговска комора на Република Албанија и на Република Турција). „Санте плус“ е најголемиот ланец на болници на Балканот, има поликлиника во Милано, општа болница во Тирана, во Белград, Приштина и во Истанбул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…