16 години од бродската несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи
На 5 септември 2009 година, во Охридското Езеро се случи една од најтешките бродски несреќи во историјата на Македонија. Туристичкиот брод „Илинден“, на кој имало 57 бугарски туристи, потона, при што животот го загубија 15 лица.
Несреќата се случила околу 11 часот наутро, на стотина метри од брегот кај кампот Елешец. Бродот, изграден во 1924 година и со дозволен капацитет од 45 патници, за само неколку минути се нашол под вода. Меѓу патниците претежно имало постари лица, што ја отежнало нивната можност за спасување. Жртвите потекнувале од градовите Пирдоп, Златица, Челопеч и Антон во Бугарија.
На местото на трагедијата први пристигнале бродчињата „Александрија“ и „Кристина“, чии екипажи и патници им помогнале на преживеаните.
Веднаш по несреќата, највисоките државни претставници од Македонија излегоа на лице место, а бугарската влада испрати воен авион „Спартан“ за транспорт на телата на загинатите во нивната татковина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…