СКАНДАЛ! Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат во подруми со влага и смрдеа

t

Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат во подруми со влага и смрдеа, објавија од Левица Аеродром.

– Скандалозен почеток на учебната година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од седмо одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина.

Овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да учат и да растат во здраво и безбедно училишно опкружување. Загрижени родители алармираат дека на некои ученици им се слошило и повраќале поради неподносливата миризба на мувла и влага во импровизираниот подрум.

Ваквото понижување на најмладите е срам за општината и директна одговорност на локалната власт, која наместо да обезбеди елементарни услови за настава, ги изложува децата на здравствен ризик и психолошка траума. Дополнителен скандал е фактот што ДПМНЕ пред четири години ветија целосна реконструкција на училиштата во општината, а во изминатиот мандат не направија ништо.

Левица – Аеродром бара итно обезбедување на нормални услови за овие ученици и нивно преместување во други училници, каде би ја следела наставата. Мора да се стави крај на оваа срамна состојба и сите деца во Општина Аеродром да добијат достоинствени услови за образование, велат од локалниот огранок на Левица.

Во продолжение во какви услови учат овие ученици:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СКАНДАЛ! Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром…

Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат…

(Фото) И денеска протест и блокади за…

Граѓаните на скопската општина Аеродром и денеска…

Левица ги објави кандидатите за градоначалници во…

Денес Левица го најави вториот бран кандидати…

Левица: Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски ги…

Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски, деновиве во…

Наместо поддршка за протестот во Аеродром –…

Фејсбук објава на Левица - Аеродром На…