Брутална интервенција во Нови Сад: Полицијата тепала студенти со пендреци и фрлала шок-бомби

t

Вечерва во Нови Сад полицијата со силна интервенција влезе во студентскиот кампус и насилно ги растера демонстрантите на протестот „Србијо, дали се слушаме?“ Со солзавец, пендреци и со оклопни возила биле нападнати и студенти и граѓани, а дел од нив биле извадени од кампусот, јавуваат српските медиуми.

Според извештаи во живо, специјалните единици на полицијата упаднале во кампусот и почнале да ги потиснуваат собраните граѓани и студенти.

Полицајците удриле со солзавец и со пиротехника

На снимки од социјалните мрежи се гледа како полицајците користат солзавец и пиротехнички средства, додека дел од студентите биле удирани со пендреци, објави српската телевизија Н1.

Новосадските студенти наведуваат дека полицијата целосно го окупирала кампусот и дека фрла шок-бомби и пиротехнички средства. Очевидци тврдат дека биле истерани и медицински тимови кои биле присутни за да пружат прва помош.

– Дваесетина полицајци истрчаа од Ректоратот и почнаа да удираат народ, без никаква најава. Потоа дојдоа и возила полни со полицајци. Тоа беше целосно непотребен напад – изјави еден од очевидците за Н1.

Новинарите известуваат дека улиците околу Филозофскиот факултет биле блокирани, а атмосферата ескалирала кога полицијата со силни кордони го опколила кампусот.

„Демонстрантите сакаат да ја нападнат полицијата“

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека дошло до сознанија оти учесниците на „непријавениот собир во Нови Сад имаат намера да ја нападнат полицијата која се наоѓа пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко воспитување во овој град“.

„Ги предупредуваме присутните да го почитуваат законот и да не ја напаѓаат полицијата. Во спротивно, полицијата ќе биде принудена да реагира и да преземе сè што е предвидено со закон за да ги заштити сопствените животи, безбедноста и да го зачува стабилниот јавен ред и мир“, се наведува во соопштението.

Околу 22 часот кампусот бил целосно испразнет, а полицијата продолжила да ги брка граѓаните низ улиците на Нови Сад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…