Се брзал за на настан: Возачот на Љутков фатен како вози со двојно поголема брзина со службеното возило
Возачот на министерот за култура, Зоран Љутков, вчера вечер во Штип бил фатен како со службеното возило вози двојно над дозволената брзина, дознава Инфомакс.
Министерот Љутков вчера присуствуваше на настан во Штип, за што на социјалните мрежи напиша:
„Вечерва во Штип оживеа историјата на македонската опера!
Оперски солисти и Оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска одржаа гала концерт во Домот на културата „Ацо Шопов“ по повод 100 години од изведбата на првата опера во Македонија – „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало.
На програмата блескаа арии и интермецо од „Палјачи“, како и изведби на дела од Пучини, Верди и Бизе, со настапи на Павлина Новакова-Георгиев, Ристе Велков, Елена Голомеова и уште многу врвни солисти.
Со оваа свеченост, го чествуваме делото на Сергеј Михајлов – основоположникот на оперската музика кај нас, кој токму во Штип, пред еден век, ја постави „Палјачи“ и ја отвори патеката на оперската уметност во Македонија.
Со ова одбележување, се потврдува континуитетот на македонската оперска сцена и нејзината важност.“ – стои во објавата на Фејсбук.


Од МВР за Инфомакс го потврдија настанот.
– На 05.09.2025 во 19:40 часот на ул. „Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.Ц.(48) од Скопје. При радарска контрола било констатирано дека Д.Ц. управувал патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 километри на час, стои во соопштението од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…
Неколку милиони денари ќе чини покривот на…
Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…
Истрага за полов напад врз малолетно девојче…
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…
Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…