Охридското Езеро умира поради загадувањето, потребен е посебен закон за спас
Научната заедница во земјава упатува апел дека Охридското Езеро, светското природно и културно наследство, се соочува со забрзано загадување и истребување на живиот свет, додека институциите не преземаат речиси ништо за да го спречат тоа. Загриженост за состојбата изрази и претседателката Гордана Силјановска Давкова, која смета дека за спас на регионот е неопходен посебен закон.
Според експертите, најголем извор на загадување во моментов се отпадните води и фекалиите. Главна причина за тоа е дотраениот колекторски систем, стар околу четири децении, кој е во голема мера нефункционален и не може да го спречи излевањето на нечистотии во езерските води.
Проблемот дополнително го влошуваат и сè поголемиот број на нелегални градби кои никнуваат на самото крајбрежје, како и зголемениот број на пловни објекти кои придонесуваат за деградација на уникатниот екосистем.
Она што особено загрижува, според научниците, е отсуството на превентивна акција. Тие обвинуваат дека се реагира само декларативно или откако штетата е веќе направена и нешто е трајно изгубено. На итната потреба од заштита на водите на Охридското Езеро од загадување со години наназад предупредува и УНЕСКО во речиси сите свои извештаи.
Споделувајќи ја загриженоста, претседателката Силјановска Давкова предложи конкретен чекор – донесување на „лекс специјалис“ за Охрид и регионот, со кој би се овозможила суштинска и трајна заштита на природното и културното богатство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва го обвинува Западот за поткопување на…
Запад работат на поткопување на меѓународниот правен…
Ангелов: Куќите во Грачани и Никиштане се…
Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување…
Времето утре: сончево и топло со мала…
Времето утре ќе биде сончево и топло…
Сали од Даблин: Македонија ја избра Европа,…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…
Осум активни пожари и три под контрола…
На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот,…